Википодатоци:Уредувачка војна

This page is a translated version of the page Wikidata:Edit warring and the translation is 100% complete.

Уредувачка војна претставува постојано враќање на едни исти промени од различни корисници. Доколу ова трае подолго, тогаш страницата се заштитува. За упорното уредувачко војување на повеќе страници следуваат блокови. Администраторите не треба да заземаат страни, туку да делуваат според заостреноста на војувањето и постоењето на претходни блокови за слично поведение.

Исклучоци

  • Враќањето на вандализам не претставува уредувачко војување.
  • Враќањето на уредувања од месно блокиран или глобално заклучен/забранет уредник не претставува уредувачко војување, но не е ни задолжително.
  • Враќањето на јасни нарушувања на правилата за живи личности не претставува уредувачко војување.
  • Враќањата кои еден корисник ги прави во сопствениот кориснички простор не претставуваат уредувачко војување.
  • Отстранувањето на авторскоправни нарушувања и други незаконски (во САД како место на вдомување) содржини не претставува уредувачко војување.